Минатиот петок Кина на Македонија и` подари 23 училишни автобуси. До понеделник повеќе од половина милион коментари се појавија на интернет во врска со донацијата постирани на кинескиот сервис Weibo micro-blog.
Заедничко прашање кај сите е – како може Кина да донира нови училишни автобуси на друга држава кога кинеските ученици се подложени на лоши услови за превоз дома.
На редовниот понеделнички брифинг во Министерството за надворешни работи, портпаролот Хонг Леи за помошта за Македонија рече дека е исплата. Тој рече дека „Македонија минала низ многу потешкотии да и` обезбеди на Кина помош по земјотресот од 2008 во Венчуан. Тој рече дека е важно Кина да обезбеди релевантна помош, за да ги исполни меѓународните обврски.
Македонската влада издаде соопштение во кое стои дека секој автобус има 35 места, и одговара на сите безбедносни барања, како и дека автобусите ќе бидат користени за превоз на деца главно во руралните области.
Донацијата доаѓа на помалку од две недели по загинувањето на 19 предшколски деца во Ганзу провинцијата кога возилого што ги презезувало удрило во камион. Шеесет и четири лица биле во возилото.
Несреќата уште еднаш го истакнала хронично недоволното финансирање на кинескиот училишен систем. Прашањето е под лупа по земјотресот од 2008, кога повеќе од 5.000 училишни деца загинале во згради за кои активистите кажаа дека биле лошо конструирани.
Во неделата кинескиот премиер Вен Џиабао вети нови правила за безбедност на училишните автобуси. Тој додаде дека централната и локалните влади ќе бидат финансиски одговорни за доведување на автобусите во согласност со стандардите. The China Daily известува дека во саботата училишен автобус со 39 лица се превртел во Лиаонинг провинцијата при што биле повредени 35.