Четири лица загинаа во руски ракетен напад во Одеса

АРХИВА - Пожарникарите го изгаснаа пожарот по рускиот напад со дрон кој погоди магацини во Одеса, Украина, 11 март 2025 година.

АРХИВА - Пожарникарите го изгаснаа пожарот по рускиот напад со дрон кој погоди магацини во Одеса, Украина, 11 март 2025 година.

Жртвите на нападот на пристаништето се идентификувани како Сиријци

Украинските власти денеска соопштија дека руски ракетен напад го погодил јужниот пристанишен град Одеса во текот на ноќта, при што загинале четворица Сиријци, а биле повредени уште неколку луѓе.

Вицепремиерот за реконструкција Олексиј Кулеба на Телеграм наведе дека проектилот погодил товарен брод што се натоварувал со пченица што требало да се извезе во Алжир.

Русија ја напаѓа инфраструктурата на Украина, вклучително и пристаништата кои се вклучени во обезбедувањето на безбедноста на храната во светот“, рече тој.

Друг ракетен напад го погоди Кривји Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски во регионот на Днепропетровск, при што загина најмалку едно лице, а девет други беа повредени, според регионалниот гувернер.

Гувернерот Серхи Лисак рече дека регионот бил нападнат и од руски беспилотни летала и дека нападите оштетиле високи и административни згради, како и училиште.

Официјални лица во регионот Запорожје соопштија дека руски дрон удрил во медицинско комбе.

АРХИВА - Пожарникарите го изгаснаа пожарот по рускиот напад со дрон кој погоди магацини во Одеса, Украина, 11 март 2025 година.

АРХИВА - Пожарникарите го изгаснаа пожарот по рускиот напад со дрон кој погоди магацини во Одеса, Украина, 11 март 2025 година.

Украинската војска денеска соопшти дека соборила 98 од 133 беспилотни летала што руските сили ги лансирале во текот на ноќта.

Пресретнувањата се извршени над регионите Черкаси, Чернихив, Днепропетровск, Харков, Керсон, Хмелницки, Киев, Одеса, Полтава, Ривне, Суми, Тернопил, Виниција, Запорожје и Житомир, соопшти војската.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило 21 украинско беспилотно летало, а противвоздушната одбрана соборила дронови над регионите Брјанск, Курск и Калуга, како и врз Црното Море и Крим окупиран од Русија.

Официјалните лица во тие области не известија дека има жртви или штети од украинските напади.

Дел од информациите за овој извештај се од од Агенцијата Франс – прес и Ројтерс.