Видео: Цутот на црешите во Вашингтон

Your browser doesn’t support HTML5

Црешов цут во Вашингтон

Главна туристичка атракција во главниот град на САД ова време во годината.
Илајдници посетители пристигнаа во Вашингтон за главната туристичка атракција во американскиот главен град ова време во годината - цутот на црешите.
И покрај невообичаеното долгата зима, црешите процутеа навреме, пред парадата што во таа чест ќе се одржи во сабота. Илјадниците црешови дрвја се протегаат долж езерцето во центарот на Вашингтон, близу споменикот на Томас Џеферсон. Тие се подарок од Јапонија и биле засадени во 1912-та, како симбол на пријателството меѓу двете земји.

Националниот фестивал на цутот на црешите започна на 20-ти март, а завршува на 14-ти април. Ја промовира природната убавина, уметноста и културата.