Нејзините адвокати стравуваат дека ослободувањето може да трае кратко, бидејќи добила нов судски налог за сведочење за Викиликс
ВАШИНГТОН —
Поранешната припадничка на Американското воено разузнавање Челси Менинг излезе од затвор по два месеца, откако одби на сведочи за истрагата за Викиликс.
Менинг, која претходно отслужи седум години затвор за лиферување документи на Викиликс, вчера беше ослободена од затворот во Вирџинија.
Нејзините адвокати стравуваат дека ослободувањето може да трае кратко, бидејќи пред да излезе добила уште еден судски налог за ново сведочење на 16 мај.
Тие велат дека таа повторно ќе одбие да одговори на прашањата, поради што би можела да се соочи со нова затворска казна.