Централната руска изборна комисија постави сопка за противкандидатот на Путин

Your browser doesn’t support HTML5

Русија се подготвува за претседателските избори следниот месец. Борис Надеждин е надежта за гласачите во Русија кои се против војна, единствениот кандидат чија платформа вклучува предлог за итни мировни преговори со Киев. Но, неговата кандидатура може брзо да исчезне. Известува Маркус Хартон.

Борис Надеждин е надежта за гласачите во Русија кои се против војна, единствениот изборен кандидат чија платформа вклучува предлог за итни мировни преговори со Киев.
Но, неговата кандидатура може брзо да исчезне. Руската централна изборна комисија соопшти дека 15 отсто од потписите, меѓу повеќе од 100.000 лица, што кандидатот ги претставил за да ја поддржат неговата кандидатура, се неважечки.

За некои независни набљудувачи, ова е политичка одлука која има за цел да го спречат актуелниот претседател Владимир Путин да мора да се соочи со овие гласачи.

„Изборната комисија е само технички механизам. Одлуката ќе биде донесена на сосема различни места. Русија е апсолутно феудална држава управувана од генерал-полковници. Владимир Путин не мора да учествува на никакви избори“, вели Дмитри Потапенко, политички аналитичар.

Надеждин е кандидат на 10-годишната централно-десничарска партија Граѓанска иницијатива. Неговиот предизборен тим добро знае дека има големи шанси да биде отстранет од изборната трка, но тој е уверен дека има поддршка од народот.

„Невозможно е да се спречи човек кој всушност собрал стотици илјади потписи да учествува на политички избори“, вели Надеждин.

Надеждин вели дека ќе поднесе жалба. Но, ако тој на крајот излезе од трката, Владимир Путин нема да мора да се соочи со ниту еден кандидат кој ја доведува во прашање неговата визија за војната.