Најмалку три лица загинаа при масовно пукање на фестивал за храна во сојузната држава Калифорнија.
Пукањето се случи во градот Гилрој, а според надлежните околу 15 други лица се повредени.
Полицијата соопшти дека осомничениот бил убиен, и оти сведоци укажале на можен втор осомничен, но, засега нема информации дали и на кој начин друго лице било вклучено во нападот.
Според надлжените, осомничениот наводно влегол на фестивалот преку сечење на оградата, бидејќи сите лица кои дошле на фестивалот морале да поминат преку метални детектори за безбедносна проверка.
Засега не е познат мотивот за пукањето.
Овој хуманитарен традиционален фестивал го организираат илјадници волонтери секоја година, кои собираат донации за помош на различни организации во заедницата.