Родителите од Калифорнија кои беа обвинети дека ги држеле заробени нивните 13 деца во својот дом во близина на Лос Анџелес, се изјаснија за невини за повеќе од 30 обвиненија за тортура, злоупотреба на деца и киднапирање.
Дејвид и Ен Турпин се притворени со 13 милиони долари кауција, по еден милон за секое дете.
Нивните наводни злосторства ја шокираа и згрозија полицијата којашто ги откри децата во неделата, откако едно од нив, 17-годишна девојка за која полицијата сметаше дека е 10-годишно дете, избегала и ги пријавила родителите.
Сите 13 деца се наоѓаат во болници за третман поради неухранетост.
Сторителите засега немаат објаснување за нивните дела.