Да се внимава со реформите во правосудството, вели во изјава за Глас на Америка, Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур. Таа смета дека генерално разрешување на судиите нема да го реши проблемот во правосудството.
„Не може да има некаков ветинг, треба да биде јасно, прецизно и законито и детектирано што треба точно да се направи, за да не се дојде повторно до некоја анархија. Проблемот треба од корен да се реши, треба да се видат кои се проблемите за ваквата состојба и во зависност од детектираните проблеми, да се оди понатаму во расчистување односно решавање во на тие проблеми“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур.
Your browser doesn’t support HTML5
„Не сум сигурен дека ни се потребни реформи, бидејќи во минатото сме имале искуство со многу слични, па дури и крупни реформски процеси, но ретко кој од нив ги дал посакуваните резултати“, вели Дарко Аврамовски, од Коалицијата „Сите за правично судење“.
Дали се професионалци во вршење на својата работа, како постапувале во текот на извршување на судската функцијаМаргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права
„Сметам дека не треба да се насочуваме кон тоа да го менуваме системот или да правиме промени во законите, секако дека секогаш има простор да се усовршат, но меѓутоа клучната работа која треба да се има во предвид е да се промени начинот на кој се имплементираат ваквите системски решенија и законите во пракса, бидејќи тоа е она што најмногу ни недостасува“, посочува Аврамовски.
Но и двајцата се согласни дека има начин како повторно да се врати довербата во судството која е сега на најниски 2 отсто. Да се види дали тие луѓе имаат интегритет и доволно знаење, вели Цаца Николовска.
„Дали се професионалци во вршење на својата работа, како постапувале во текот на извршување на судската функција. Има податоци по однос нивниот квалитет и квантитет за работа и она што е најважно да се види кои се тие предмети кои што на одреден начин довеле до една ситуација да ова негативно мислење за судството се повеќе и повеќе се презентира“, вели Николовска.
Клучно за да се унапреди довербата, е ако овој систем има некоја стратешка комуникација со јавноста вели Аврамовски.
Да се прикаже пред јавноста дека го дава максимумот кој навистина може да се очекуваДарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
„И ако успее да се прикаже пред јавноста дека го дава максимумот кој навистина може да се очекува, но меѓутоа и да имаат искрени обиди да ги унапредат состојбите во самиот судски систем, а не како што е досега примерот, недостигот на материјални ресурси да се користи само како изговор, зошто правдата не функционирала онака како што посакуваме“, додава Аврамовски.
За Цаца Николовска неодамнешните случаи на луѓе кои до скоро ја делеле правдата, а сега да се спогодуваат со судот, поради одредени дела кои ги направиле, е недозволиво и ја поткопува и така ниската доверба.
„Тие луѓе кои најмногу треба да допринесуваат за довербата, тие ги направиле овие дела. Како ние ќе покажеме дека таквите ситуации ќе ги санкционираме“, вели Цаца Николовска.
Неодамна и американската амбасадорка, Анџела Агелер, ги повика сите инволвирани страни да работат заедно за создавање на вистинска судска реформа и оти мора да се обнови довербата во судството. Таа потсети дека американски ангажман и помош за реформи во владеењето на правото, ја чинеле САД, половина милијарда долари.