Русинката која беше обвинета дека работела како агентка на руската влада со цел да изгради врски со моќната американска лоби група, Националната асоцијација за оружје и да се инфилтрира во републиканските кругови се очекува денес во суд да се изјасни за виновна.
Марија Бутина беше обвинета во јули дека нелегално дејствувала како нерегистриран руски агент. Таа првично се изјасни дека не е виновна.
Како дел од договорот со обвинителите за промена на изјавата, таа се очекува да соработува во случајот.
Бутина, наводно, воспоставила лична врска со републиканскиот активист, Пол Ериксон кој имал врски со Националната асоцијација за оружје и живеела со него. Taa се запишала на студии на Американскиот универзитет во Вашингтон, каде што магистрирала претходно годинава.
Одделот за правда на САД тврди дека Бутина била „тајна руска агентка“ кој одржувала врски со руските шпиони кои имале задача да продрат во „американските национални институции каде се носат одлуки, со цел унапредување на агендата на Руската Федерација“.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека никогаш не слушнал за Бутина, се до нејзиното апсење во јули. Тој кажа дека кога ги запрашал руските разузнавачки служби за информации поврзани со неа, му било кажано дека „никој не знае ништо за неа“.