Џорџ Х. В. Буш пренесен на интензивна нега

Поранешниот американски претседател бил пренесен на интензивна нега во болница во југозападниот град Хјустон, во Тексас, по серија компликации.
88-годишниот претседател беше примен во болница минатиот месец заради бронхитис. Неговиот портпарол вели дека Буш бил преместен во оддел за интензивна нега по серија компликации, вклучувајќи и упорна температура.

Портпаролот кажа дека Буш продолува да биде свесен и дека лекарите се „внимателни оптимисти“ за неговиот третман.

Сопругата на поранешниот претседател, Барбара, еден од синовите и внук го минале Божиќ со Буш.

Буш служел како 41-ви американски претседател од 1989 до 1993. Тоа што се памети од неговото претседателствување беше меѓународна коалиција што тој ја формираше и која ги истисна ирачките сили од Кувајт во 1991.

Буш служел и како конгресмен, амбасадор на САД во ОН, амбасадор во Кина и директор на ЦИА. Тој бил потпретседател од 1981 до 1989 под претседателот Роналд Реган.

Од неговите синови, Џорџ В. Буш беше 43-от претседател, а Џеб Буш беше гувернер на Флорида.