Хоспитализиран Џорџ Буш Постариот

Портпаролот на семејството соопшти дека тој е на интензивна нега и се опоравува

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, е хоспитализиран поради инфекција на крвта.

Според портпаролот на семејството Буш, 93-годишниот поранешен претседател бил примен во болница во неделата, еден ден по погребот на неговата сопруга Барбара Буш.

Буш Постариот се наоѓа на интензивна нега и се опоравува.