Брзи промени се очекуваат во внатрешната политика на САД со новоизбраниот претседател Трамп

Your browser doesn’t support HTML5

Доналд Трамп можеби нема да се пресели во Белата куќа до јануари, но тој ги поставува темелите и прави планови за внатрешната политика во следните четири години. Известува Керолин Пресути.

Во победничкиот говор во изборната ноќ, 2024 година, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп рече: „Ќе поправиме сè во нашата земја, и со причина направивме историја вечерва, а причината ќе биде токму тоа“.

Првиот приоритет на новоизбраниот претседател Доналд Трамп е да ја „поправи“ имиграцијата.

„Ќе мораме да ги затвориме тие граници и ќе треба да дозволиме луѓето да дојдат во нашата земја. Ние сакаме луѓето да се вратат, но тоа да го направат легално“, додаде Трамп.

Трамп го освои народот во кампањата, ветувајќи масовни депортации насочени кон милиони имигранти без документи. Експертите велат дека ова би чинело милијарди долари и бара масовна организација и делегирање, од кои сè уште ништо не е детално. Но, избраниkot na Tramp za ovaa rabota, Том Хоман, за емисијата „60 минути“ изјави дека ќе се фокусира на работните места, а не на регионите.

Вториот приоритет е да се „поправи“ инфлацијата.

„И по најголемото политичко враќање во американската историја, ние ќе го водиме најголемото економско враќање во американската историја под водство на Доналд Трамп“, рече Џеј Ди Венс, новоизбраниот потпретседател на САД.

Трамп ја потврди агендата „Америка на прво место“ со нови царини за странски стоки како и неоданочување на бакшишот на вработените Американци.

Трет приоритет: да се „среди“ владата.

„Америка ни даде невиден и моќен мандат“, посочи Трамп.

Со тој мандат, тој ги назначи сопственикот на Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, и поранешниот претседателски ривал Вивек Рамасвами, да раководат со ефикасноста на владата во поглед на бирократијата и трошењето.

Имањето Сенат и Претставнички дом под контрола на републиканците ќе обезбеди непречена потврда за оние кои веќе се номинирани како државен секретар, одбрана и домашна безбедност, администратор на Агенцијата за заштита на животната средина, амбасадори во Обединетите нации и Израел и други. Тоа е само дел од вкупно 4.000 владини позиции што треба да ги пополни Трамп.

За помалку од 70 дена, новоизбраниот претседател ја презема функцијата и ќе добиеме подобра слика за неговата администрација. Но, едно е јасно, таа ќе биде сосема различна од онаа на Бајден.