Британскиот суд вели дека Џулијан Асанж не може да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа, освен ако американските власти не гарантираат дека тој нема да добие смртна казна.
Пресудата е делумна победа за основачот на Викиликс.
Двајца судии од Високиот суд во вторникот изјавија дека ќе одобрат нова жалба на Асанж доколку американските власти не дадат дополнителни гаранции во рок од три недели за тоа што ќе се случи со него.
Судиите Викторија Шарп и Џереми Џонсон рекоа дека доколку не бидат поднесени гаранции од страна на САД, тие ќе му дадат дозвола на Асанж да поднесе жалба на екстрадиција врз основа на повреда на слободата на изразување и затоа што може да добие смртна казна.
Случајот е одложен за 20 мај.
Извор: Асошиетед прес