Британски доброволци донираат теренски возила за украинската војска

Your browser doesn’t support HTML5

Помош за Украина не доаѓа само од меѓународни организации, странски влади и големи фондации, но и од обични граѓани ширум светот. Група поединци во Норфолк, Англија поправаат и донираат теренски возила за украинската војска. Известува Омелијан Ошчудљак. .

Кингс Лин во општината Норфолк во Велика Британија е мало пристаниште и град со познат пазар. Локалниот жител и вработен во градскиот совет Гордон Џексон-Хопс ги користи старите британски традиции за да им помогне на украинските воени единици.

„Во Британија, имаме организација наречена - Кралското друштво за заштита на птиците - набљудувачи на птици. Имавме единица на која ѝ требаше двоглед. Одам на интернет. Апелирам. Сите набљудувачи на птици мора да имаат илјадници пара двогледи! Ми доставија кутии со двогледи“, објаснува Џексон-Хопс.

Тој дури обезбедува помалку неопходни потреби за помош што ги нарекува морални пакети.

„Ги склопувам кутиите, ги носам кај едно семејство и апелирам: „Не ми давајте пари, само наполнете ги кутии со работи што ќе направат војникот на фронтот да се чувствува подобро, за еден ден“, додава Џексон - Хопс.

Но, главниот проект за помош на Гордон е насочен околу автомобилите. Таканаречената операција Фрилендер е именувана по џипот Ландровер.

Планот е да се испорачаат 10 или повеќе од теренските возила до украинската војска за да може да достави опрема до персоналот на терен, и да ги спаси ранетите.

„За цена на едно прилично просечно, старо комбе или со возила со погон на 4 тркала во Украина, можеме да купиме 3 или 4 навистина добри џипови“, вели Гордон.

Во оваа гаража, Сју и Норберт Медок водат мал бизнис за поправка на теренски возила. Џексон-Хопс ги наоѓа автомобилите... Медокс се справуваат со поправките. Сју вели дека тоа го прават бесплатно, само затоа што сакаат да помогнат.

„Имавме познаник во едно село, кој имаше џип-фрилендер, којшто сакаше да го донира за Украина. Но, требаше да смени дел во моторот. Кога дознавме, зошто го поправа, му го направивме тоа, бесплатно! Така, дојдовме до идеја да почнеме да помагаме за Украина“, вели Сју.

Откако проектот започна во 2023 година, тимот од Норфолк испорача осум теренски возила во источна Украина.

Иако континуираната војна во Украина одамна престана да се наоѓа на насловните страници во британските весници, за Гордон Џексон-Хопс и семејството Медокс, помошта за украинските војници останува и натаму приоритет.