Борис Џонсон го предложи новиот план за Брегзит

Планот наиде на поделени реакции кај европските лидери, кои сметаат дека тој не обезбедува доволно гаранции за Ирска

Британскиот премиер Борис Џонсон денес побара да се формира коалиција во Долниот дом на Парламентот, која ќе го поддржи неговиот нов договор за Брегзит, објави Асошиетед прес.

Новите предлози се насочени кон одржување отворена граница меѓу Северна Ирска во Обединетото Кралство и Ирска, членка на ЕУ, што е клучно прашање во договорот за Брегизт.

Како што јави Асошиетед пред, Обединетото Кралство предлага тоа да се направи на тој начин што Северна Ирска ќе биде на линија со правилата за трговија на производи на ЕУ, со можност на продолжен период.

Планот наиде на поделени реакции кај европските лидери, кои сметаат дека тој не обезбедува доволно гаранции за Ирска.

Џонсон смета дека Британија треба да ја напушти Европската Унија на 31 октомври, со или без договор, но, Парламентот донесе закон со кој тој ќе мора да бара продолжување ако не се постигне договор.

Позицијата на Џонсон е слаба, бидејќи го нема потребното мнозинство во Парламентот.