Поранешниот боксер и светски шампион во тешка категорија Џо Фрејзер почина по куса битка со рак, на возраст од 67 години.
Фрејзер, роден во мало југоисточно американско гратче (Бејфорт, во Јужна Каролина), минатиот месец беше дијагностициран со напреднат рак на црниот дроб. Тој беше познат по неговите епски борби со легендарниот боксер Мухамад Али во 1970-те.
Тој беше првиот човек што го победи Али, нокаутирајќи го во победата од таканаречената „Борба на векот“ во 1971.
Фрејзер потоа загуби од Али во два меча, меѓу кои и познатиот од 1975-та наречен "Thrilla in Manila" на Филипините.
Тој доби златен медал за САД на Олимписките игри во 1964, пред да ужива успешна професионална кариера.
Фрејзер се повлече во 1976 со рекорд од 32 победи, четири порази и еден меч нерешено.