Прелиминарни резултати на пописот покажуваат намалување во споредба со цифрите од последниот попис направен пред војната, во 1991-ва.
Прелиминарни резултати на пописот покажуваат дека населението на Босна се намалило 13 проценти од војната во државата (1992-95 ) наваму.
Директорот на босанската Агенција за статистика Зденко Милиновиќ, вели дека близу 3,8 милиони луѓе биле регистрирани во државата за време на пописот минатиот месец. Последниот попис, направен во 1991, покажа дека Босна имала население од 4,4 милиони, составено од 43,7 проценти Муслимани, 31,4 проценти Срби и 17,3 проценти Хрвати.
Резултатите за сегашниот етнички состав на популацијата на државата се очекуваат рано следната година.
Повеќе од 100.000 луѓе беа убиени во Босанската војна, додека други два милиони станале бегалци.
Државата останува поделена по должина на етничките линии, поделена во две нагласено автономни, етнички региони, Федерацијата, доминирана од Муслимани и Хрвати, и Република Српска, доминирана од Срби.