Болтон им кажал на руските лидери дека мешањето во изборите создало недоверба

Тој е во Москва на разговор за планот на Трамп да ги повлече САД од Договорот за контрола на вооружувањето од 1987-та година

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон изјави дека им кажал на руските официјални лица оти нивното мешање во претседателските избори во 2016-та година не влијаело врз резултатот, туку создало недоверба.

Тој е во Москва на разговор со руските лидери за планот на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од Договорот за контрола на вооружувањето од 1987-та година.

Пред да стане дел од Белата куќа, Болтон ги нарече руските напори за мешање во изборите „акција за војна“.

Специјалниот советник Роберт Мулер ги истражува руското мешање во изборите и обвинувањата за соработка на кампањата на Трамп, кои ги отфрлија како неточни и Трамп и Русија.

САД веќе обвинија бројни руски граѓани и агенти за мешање во изборите.