Некогаш доминантниот производител на паметни телефони ги откажа плановите за продажба на компанијата
Канадската технолошка фирма во август кажа дека ќе ја продаде компанијата на Ферфакс Фајненшал Холдингс за 4,7 милијарди долари, но Ферфакс наиде на тешкотии да собере доволно пари да ја комплетира продажбата.
Наместо тоа, Блекбери во понеделник соопшти дека ќе собере една милијарда долари од инвеститори, со една четвртина од парите од Ферфакс. Освен тоа, Блекбери кажа дека го менува главниот директор, Торстен Хајнс, и го именува поранешниот раководител на компанијата за софтвер Џон Чен, за привремен лидер.
Блекбери беше пионер за паметни телефони, некогаш контролирајќи над една половина од американскиот пазар. Но сега падна на сосема мал дел од тој пазар, само еден процент за периодот од јули до септември.
Последните податоци на компанијата Стратеџи Аналитикс, направи кои функционираат на софтвер на Андроид од Гугл сега сочинуваат над 81 процент од паметните телефони продадени во третото тримесечје. Епл има 13 проценти и Мајкрософт 4 проценти.