Бислимовски: Струјата поскапува во просек за 0,92 проценти

Your browser doesn’t support HTML5

Од први јануари граѓаните ќе плаќаат за нијанса повисоки сметки за струја која во просек ќе поскапи за помалку од еден процент

Гледано по блокови во првиот блок поскапувањето е 0,62 проценти и киловат час сега ќе се наплаќа 6,58 денари, во вториот блок цената е повисока за 0,9 проценти и киловат час ќе се наплаќа 7,71 денар, во третиот блок поскапувањето изнесува 1,93 проценти и сега цената за киловат час е 9,57 денари додека во четвртиот блок поскапувањето изнесува 2,24 проценти а киловат час ќе се наплаќа по цена од 20,4 денари.

Евтината струја поскапува за 0,9 проценти и сега изнесува 4,12 денари за киловат час.