Со пасивни биометриски податоци против измами на интернет

Your browser doesn’t support HTML5

Начинот на кој го држите вашиот телефон може да помогне во идентификувањето на кражба или злоупотреба

Купувањето со паметни телефони станува полесно од кога и да било досега, но прашањето е како онлајн продавниците да бидат сигурни дека вие сте тие што ја правите нарачката?

„Еден од предизвиците со кој се соочуваат онлајн продавниците, особено финансиската заедница е што не можат да го видат лицето од другата страна.“ вели Дон Данкан, експерт по кибернетска безбедност.

Тој додава дека шемите на дигиталното однесување може да им помогнат на онлајн компаниите да утврдат дали се работи за вистинското лице или за некој друг со украден идентитет:

„На пример, може да се следи кога се внесуваат информациите во апликацијата. Дали долго или кратко се стиска копчето, дали се користи портрет или колку блиску се држи телефонот...“

Овие таканаречени пасивни биометриски податоци може многу да кажат за купувачот, преку користење технологија која веќе е вградена во мобилните апарати, како Џи-Пи-Ес.

„Географската локација е почетна точка за идентификување каде се корисникот и апаратот што го користи“ вели Данкан.

За разлика од лозинките или отпечатоците од прсти кои лично треба да се внесат, пасивните податоци функционираат зад сцената.

Дури и брзината или аголот под кој се држи телефонот може да бидат автентични алатки.

Компанијата НуДата е во сопственост на Мастеркард и веќе има имплементирано ваква технологија.

За корисниците, пак, е важно дека нивните отпечатоци од прсти може да доведат до побезбедно онлајн искуство.

(Тина Трин)