Нова меѓународна студија вели дека најмалку една петина од светските видови на `рбетници се соочени со исчезнување, но дека напорите на конзервација го забавуваат процесот.
Околу 174 научници направиле истражување на 25.000 видови на `рбетници, вклучувајќи цицачи, птици, амфибиски животни, влекачи и риби кои се на листа на најзагрозените видови во светот. Тие нашле дека во просек 52 видови се движат значително поблиску до исчезнување секоја година.
Студијата вели дека брзата стапка на изумирање се должи на уништувањето на природните живеалишта на животните.
Но научниците исто така најдоа дека загубите би биле најмалку 20 проценти повисоки доколку не биле преземени чекори во насока на конзервација.
Извештајот е објавен во време кога повеќе од 190 нации се собрани во Негоја, Јапонија, за конференција на ОН на која треба да се изработи нов договор за заштита на природните ресурси во светот.