Зетот на Бин Ладен осуден за тероризам

Американски суд го осуди зетот на Осама бин Ладен за заговор да убива Американци, за неговата улога на портпарол за терористичката група ал-Каида.
Порота во Њујорк во срееда реши дека кувајтскиот имам Сулејман Абу Гаит е биновен по три обвиненија за тероризам.

Абу Гаит е највисоко рангирано лице од ал-Каида да биде изведено пред суд во САД од нападите на Њујорк и Вашингтон кои убија близу 3.000 лица.

На поротниците им беше покажано видео од Абу Гаит како седи до Бин Ладен и двајца други лидери на ал-Каида на денот по 11-ти септември 2001-ва, како се обидуваат да ги оправдаат терористичките напади.

На видео од октомври 2001-ва покажано на поротниците, Абу Гаит предупреди „Бурата од авиони нема да запре.“