Американски милијардери ветија давање на своето богатство на добротвирни организации

Американски милијардери ветија давање на своето богатство на добротвирни организации

Четириесет од најбогатите семејства и поединци во САД, меѓу кои и најмалку 30 милијардери, ветија дека ќе дадат најмалку половина од нивното богатство на добротворни организации.

Тие својата намера ја објавија во среда како дел од кампањата започната од познатиот инвестор Ворен Бафет и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Бафет и Гејтс ја започнаа кампањата „Давање ветување“ во јуни, во обид да ги убедат најбогатите Американци да го дадат своето богатство на вредни каузи додека се живи или откако ќе умрат.

Бафет кажа дека меѓу 70 и 80 луѓе од листата на списанието Forbes на најбогати луѓе биле контактирани и добиле 40 ветување што го смета за одличен старт.

Меѓу оние кои дале такво ветување се њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг, медиумскиот могул Тед Тарнер, нафтениот тајкун Т.Бун Пикенс и режисерот на „Star Wars“ Џорџ Лукас.