Бајден топло примен во Националната асоцијација на обоените луѓе

Your browser doesn’t support HTML5

Бајден топло примен во Националната асоцијација на обоените луѓе

Најстарата организација за граѓански права во земјата со ентузијам го пречека потпретседателот
Американскиот потпретседател Џо Бајден го фалеше законот за здравствена заштита на претседателот Барак Обама во обраќање пред групата за граѓански права, еден ден откако собирот негодуваше кога републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни вети дека ќе ги укине реформите.

Бајден зборуваше на конвенцијата на Националната асоцијација за напредок на обоените луѓе во Хјустон, Тексас, во четврток:

„Тој (Претседателот Обама) скрати сто милијарди долари од федералниот долг за наредните десет години, обезбедувајќи пристап до здравствена грижа за 30 милиони Американци, кој никогаш не би имале осигурување.“

Публиката на конвенцијата со извици на одобрување го поздрави Бајден кога тој ги набележа разликите меѓу Обама и Ромни за здравствената заштита, образованието, енергијата и правата на жените. Домашната политика на Ромни тој ја нарече „враќање на (19)50-те.“

Претседателот Обама исто така се обрати на насобраните преку видео снимка во четвртокот. Тој беше критикуван за испраќање на потпретседателот наместо самиот да присуствува.

Републиканскиот кандидат Ромни доби млак прием во средата кога зборуваше пред истиот собир.

Ромни го искористи својот говор да ја нагласи невработеноста меѓу афро-Американците од 14,4 проценти, наспроти националната стапка од 8,2 проценти. Бајден не ја спомена стапката на невработеност.

Потпретседателот се заблагодари на членовите на асоцијацијата за нивната „лојалност“. Африканските Американци во големо мнозинство гласаа за Обама, демократ и прв црн претседател на државата, на изборите во 2008-ма.