Џо Бајден во Њу Делхи

Displaced people from the minority Yazidi sect, fleeing violence in Iraq, take refuge in the southeastern Turkish town of Silopi, near the Turkish-Iraqi border crossing of Habur, Aug. 12, 2014.

Со индискиот државен врв разговара за унапредувањето на дипломатските и трговски врски.
Американскиот потпретседател Џо Бајден, кој е во четиридневна посета на Индија за акцентирање на дипломатските и трговските врски, се сретна со колегата Хамид Ансари. Потпретседателите разговараа во Њу Делхи, каде Бајден има одвоена средба и со индискиот премиер Манмохан Синг.

Се очекува Бајден да одговори на индиската безбедносна загриженост поради повлекувањето на американските сили од Авганистан, како и за предлозите во Конгресот за укинување на визите за стручниот кадар од странство.

Белата куќа најави дека посетата е дел од ребалансирањето на напорите кон азиско-пацифичкиот регион, нарекувајќи ја Индија се` поклучен чинител во регионот. Официјален Вашингтон вели и дека Бајден ќе се фокусира на економската соработка, енергетските и климатски прашања, како и продлабочувањето на меѓуармиската соработка.

Утре Бајден патува за Бомбај, каде ќе говори во тамошната берза, а задутре учествува на настан за промовирање на правата на жените.