Потпретседателката на САД Камала Харис денес патува во близина на Лас Вегас, Невада, кај езерото Мид, да ја промовира стратегијата на администрацијата на Бајден за климатската криза, како и да повика да се донесе инфраструктурниот план.
Харис се очекува да слушне од локалните, сојузните и федералните власти за намалување на водата во езерото, што обезбедува вода за пиење за повеќе од 40 милиони лица во овој регион.
Харис планира да го промовира и планот за инфраструктура и работни места од 55 милијарди долари, што беше договорен на почетокот на годината меѓу претседателот Џо Бајден и двопартиска група сенатори.
Инвестицијата вклучува десетици милијарди долари за водната инфраструктура и да се заштитат заедниците од влијанието на климатските промени, вклучувајќи топлотни бранови и суши.
Дел од информацијата е преземена од Асошиетед прес