Архиепископот ги поздрави сите кои го следат примерот на Христос, во време на насилство и длабоки поделби во заедницата
ВАШИНГТОН —
Илјадници христијани се собраа во Витлеем, да го прослават Божиќ во родното место на Исус.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас, заедно со други официјални претставници и бројни туристи од целиот свет, се собраа на полноќна божиќна служба во црквата на Христовото раѓање, каде многу христијани веруваат дека се родил Исус.
Архиепископот ги поздрави сите кои го следат божјиот пример, во време на насилство и длабоки поделби во заедницата.