Белата куќа ќе го пречека кенискиот претседател

Your browser doesn’t support HTML5

Белата куќа ќе го постави црвениот тепих за првиот африкански лидер кој ќе биде во државна посета од 2008 година. Кенискиот претседател Вилијам Руто ќе добие раскошна државна вечера и некои зделки, соопшти Белата куќа.

Белата куќа му посочи на Гласот на Америка три причини зошто претседателот на Кенија ќе го прекине речиси 16-годишната период, кога ниту еден африкански лидер не беше почестен со државна посета. Тоа вклучува и заеднички демократски убедувања на двете влади и нивниот истомисленички пристап во искористувањето на приватниот сектор.

Но, главната причина, според новиот виш креатор на политика на актуелната администрација за Африка, е неодамнешната одлука на Кенија да се наметне на глобално ниво нудејќи 1.000 безбедносни припадници за Хаити.

„Ја избравме Кенија од неколку причини. Број еден е партнерството меѓу Кенија и САД кое израсна од регионално кон глобално фокусирано. Бевме навистина задоволни од начинот на кој Кенијците играат лидерство надвор од нивниот регион“, вели Францис Браун од Националниот совет за безбедност.

Аналитичарите велат дека државната посета е голема работа.

„Тоа е највисоката дипломатска чест што може да ја додели нашиот претседател. Тоа е типично показател за многу блиски и важни билатерални односи. И подигнувањето на Кенија на ниво на - да речеме, Јапонија, која беше последната земја во државна посета. Мислам дека е симболично и важно од сите причини што само ги опишав додека Кенија е во ниво на кое би му ги дале истите привилегии како еден од нашите најстари и најдолги партнери за безбедност“, изјави Камерон Хадсон од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Браун рече дека Вашингтон има цел да ја искористи посетата за да постигне договори во области како што се технологијата, управувањето со климата, олеснувањето на долгот и здравството. За безбедносната мисија на Хаити, Вашингтон го сигнализираше своето одобрување со ветување за поддршка со 300 милиони долари.

„Има тесна соработка. Како што можеби знаете, во тек е планирање веќе неколку месеци. Вклучува полициски експерти од целиот свет кои работат на развивање концепт на операции. Кенија не е оставена сама“, рече Браун.

Кенискиот претседател Вилијам Руто, на својата прва станица, во Атланта, рече дека приоритет ќе даде на потребата од американска помош за реструктуирање на долговите на африканските нации, многу од нив кон Кина, најголемиот кредитор во светот.

Но, застапниците за човекови права во Најроби изјавија за Гласот на Америка дека се надеваат дека американското раководство исто така ќе изрази загриженост за злоупотребите од кениската полиција, која го презема водството во мисијата на Хаити. Има стравувања околу предложената легислатива за која велат дека им се заканува на малцинствата, паралелно со пад на медиумските слободи.

„Го гледаме ова како одлична можност да се фокусираме на почитување на човековите права и владеењето на правото, поради многу причини.И САД и Кенија се нации кои се проектираа себеси како нации коишто веруваат во овие вредности, а државната вечера е можност навистина да се фокусираме на тоа“, вели Ирунгу Хогтон од Амнести Интернешенал, Кенија.

Големи очекувања за државната посета на кенискиот лидер во Белата куќа.