Марија Колесникова, една од водечките членови на опозицијата во Белорусија, утрово била приведена додека се обидувала да ја помине укаринската граница, соопштија белоруските гранични официјални лица.
Официјалните лица изјавија дека Колесникова патувала со уште двајца други опозиционери Антон Родненков и Иван Кравцов, кои успешно влегле во Украина.
Условите за тоа како групата се нашла на границата не се јасни.
Заменик - министерот за внатрешни работи на Украина, на неговиот Фејсбук профил, напиша дека она што се случило не било доброволно заминување, туку прислен прогон.
Германија и Британија вчера побараа од белорускиот претседател Александар Лукашенко да ја открие локацијата на Колесникова, по извештаите дека била киднапирана од двајца неидентификувани мажи во Минск.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, твитна дека „Европската Унија работи на пакет санкции. Ако Лукашенко не го промени правецот, ќе одговориме“.
Ројтерс објави дека ЕУ размислува за воведување санкции за 31 висок официјален претставник на Белорусија, цитирајќи тројца европски дипломати.