Бајден ја почна својата изборна кампања

Говор на американскиот претседател Џо Бајден во Блу Бел, во близина на долината Форџ, Пенсилванија, САД, 5 јануари 2024 година.

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја одбележа третата годишнина од упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година со политички говор од Пенсилванија, кој во голема мерка го посвети на неговиот најголем конкурент за изборите во 2024 година од Републиканската партија, Доналд Трамп.

Претседателот на САД, Џо Бајден, го обвини републиканецот Доналд Трамп, веројатно неговиот изборен противник во 2024 година, дека ги поттикнал нападите на 6 јануари 2021 година, а потоа одбил барања да ги прекине, ставајќи го бунтот во центарот на неговата кандидатура за реизбор.

Бајден одбележа три години од нападите на 6 јануари 2021 година со својот прв голем предизборен говор оваа година, напаѓајќи го Трамп, додека неговата кампања се обидува да одговори на прашањата за управувањето со американската економија, како и забелешките за неговата возраст, 81 година старост. Трамп е на 77 години возраст.

Бајден вети дека одбраната на демократијата е негово главно ветување и посочи дека гласањето за Трамп значи глас за диктатура.

„Демократијата е на гласачкото ливче. Вашата слобода е на гласачкото ливче“, рече Бајден.