Бајден сведочеше во истрагата на специјалниот советник за доверливи документи пронајдени во неговиот дом

  • Voice of America

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил интервјуиран како дел од истрагата на специјалниот советник за неговото ракување со доверливи документи.

Портпаролот вели дека Бајден бил доброволно интервјуиран во Белата куќа во неделата и понеделникот.

Истрагата ја води специјалниот советник Роберт Хур, кој беше назначен од државниот обвинител Мерик Гарланд да ја надгледува политички чувствителната работа за да се избегне конфликт на интереси.

Портпаролот на Белата куќа рече дека Бајден и Белата куќа соработуваат со истражителите.