Во градот од каде е Џо Бајден, Скрентон, во Пенсилванија, гласачот Ерик Бојланд вели дека демократите немале избор освен да го истуркаат Бајден од трката.
„Мислам дека тој беше добар лидер. Но јас исто така се согласувам дека дојде време да отстапи местото за некој друг да се крене од редовите на демократите“, вели Ерик Бојланд од Пенсилванија.
Гласачката Кристина Стол вели ако не е подобен за кандидат, тој треба да се симне и од функцијата претседател.
„Тој требаше да се откаже многу одамна. Тој треба да си замине од Белата куќа. Тој ментално не е доволно стабилен да управува со државата“, смета Стол.
Ако потпретседателката Камала Харис биде номинирана, тоа ги подобрува шансите на партијата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, вели гласачот Даниел Бренан.
„Харис добро котира во однос на Трамп. Мислам дека има шанси да го победи. И мислам дека тој направи добро нешто и покрај тоа што многумина се нервозни и мислат дека е катастрофално“, вели Бренан.
При посета на Вашингрон, гласачот од Пенсилванија Бил Милс вели дека Харис ја споделува одговорноста за економските неуспеси на Бајден.
„Забележуваме пораст на цените на артиклите за домаќинството, на бензинот и на животните трошоци. Полошо живееме. И потпретседателката Харис е одговорна за тоа. Ќе биде многу тешко да се смени тоа мислење кога сите гледаме како економијата опаѓа“, посочува Милс.
Во Мичиген, гласачот Џејсон Потс вели дека променатта ѝ дава шанса на Демократската партија да ги ангажира помладите гласачи.
„Мислам дека тие само чекаа кога некој поиздржлив ќе се појави. И ќе видиме дали тоа е Камала. Таа има повеќе борбеност, тоа е сигурно“, додава Потс.
Како потпретседателка, Харис работеше на контролата на илегалната имиграција.
Гласачот од Флорида Кристофер Ран Гил вели дека нејзиниот неуспех на границата ја прави неквалификувана за претседател.
„Камала е ѓубре. Таа е полоша од Џо. Сите тие се на иста страница, скоро на иста. Не мислам дека некој ќе гласа за Камала. Никој не сака да ја поддржи. Таа имаше една работа. Тоа беше да се справи со границата“, категоричен е Гил.
Во Вашингтон, гласачката Алиша Џеферсон се надева дека луѓетто нема да ја гледаат потпретседателката само како жена што не е бела ттуку ќе ги земат предвид и нејзините постигнувања.
„И се надевам дека луѓето ќе се фокусираат на тоа. Но светотт во кој живееме е таков што некои ќе го направат тоа, а некои не. И се надевам дека нема да има многу од тие што ќе застанат на патот попречувајќи ја да дојде на функцијата“, смета Џеферсон.
Ендру Варшавски од Њујорк вели дека ќе биде тешко да се победи Трамп.
„Дури и ако Бајден останеше во трката, или кој и да било демократ, ќе се бори со Трамп. Јас сум демократ. Мислам дека ќе биде тешко за нас да победиме во оваа трка без разлика што да се случи сега“, скептичен е Варшавски.
Се чини дека Харис има доволно поддршка од партиските делегатти да биде номинирана, но ќе треба да се сочека на Демократската национална конвенција следниот месец во Чикаго да стане официјална кандидатка за да го предизвика Трамп.