Бајден одлучен да ја продолжи трката за претседател, гласачите поделени

Претседателот Џо Бајден не покажа намера да се повлече од претседателската трка, но кај дел од гласачите веќе има двоумење. Фотографија: Гово на Бајден на самитот на НАТО во Вашингтон.

Џо Бајден вели дека останува во трката за реизбор против поранешниот претседател Доналд Трамп, по неуспешната прва дебата. Како размислуваат гласачите за продолжувањето на кандидатурата на претседателот Бајден. Известува Скот Стернс.

Од кампањата на Бајден се противат дека нивниот кандидат треба да се повлече по првата неуспешна дебата, но и дека се веќе вложени 50 милиони долари за медиумски реклами, но и агресивниот распоред кој го има кампањата.

Бајден на митингот во Висконсин рече дека останува во трката. Граѓаните велат дека тој сè уште е остварлив кандидат.

Your browser doesn’t support HTML5

Бајден одлучен да ја продолжи трката за претседател, гласачите поделени

„Треба да биде доследен. Треба да биде, нема да речам пркосен, но некаде помеѓу доследен и пркосен, тој треба да им даде до знаење на луѓето, и тоа го направи денес, кажа дека нема да се повлече. Освен ако нешто драматично не се промени. Тој е правиот човек за мене“, вели Сабрина Џордан од Висконсин.

Други пак не се толку сигурни.

Не се чувствувам сигурна во способноста на Џо Бајден да победи на овие избори и тоа ме плаши
Елис Џонстон, Минесота

„Физиологијата што ја покажа, тој не е истиот човек. Не можете да се вратите назад. Не стануваме помлади. Не можете да ја победите староста“, вели Џонатан Лустаг од Висконсин.

Враќањето на Бајден повторно во кампањата по дебатата не ја намалува загриженоста на некои гласачи.

„Не се чувствувам сигурна во способноста на Џо Бајден да победи на овие избори и тоа ме плаши“, смета Елис Џонстон од Минесота.

За приврзаниците на Трамп, дебатата на Бајден, го потврди нивното очекување дека тој не е погоден за уште еден мандат.

„Нема ништо што може да излезе од устата на Џо Бајден за да ме натера да мислам на нешто друго освен она што тој веќе ми го покажал. Исто и за Трамп“, вели Ламонт Пирсон од Калифорнија.

Дебатниот настап на Бајден не е целата слика, велат гласачите.

„Мислам дека Џо Бајден е многу страстен и многу интелигентен. Мислам дека не се претстави добро, бидејќи не ги исполни очекувањата, а неговиот настап беше она што луѓето го очекуваа од него“, смета Џефри Танарели од Џорџија.

Мислам дека Џо Бајден е многу страстен и многу интелигентен
Џефри Танарели, Џорџија

Тој недостиг на енергија остава простор за нов кандидат.

„Ми беше јасно дека можеби Бајден не е како порано. Мислам дека би поддржала нов кандидат наместо Бајден“, смета Хана Соболевич од Вашингтон.

Ако демократите сакаат да имаат поинаков кандидат, тие треба брзо да реагираат, велат граѓаните.

„Има толку многу што треба да се направи во текот на следниот месец околу тоа што би можела да направи Демократската партија за да ја врати целата нејзина разниша база во својата срж и да се надеваме дека ќе успее во тоа пред ноември, во спротивно Трамп ќе дојде на власт", посочува Ликсис Зидан од Мичиген.

Потпретседателката на САД и можна кандидатка Камала Харис ќе биде на врвот на листата за да го замени Бајден во партијата. Но, тоа можеби нема да успее, велат граѓаните.

„Камала би била добра замена, јас би сакала тоа да се случи. Но, исто така, мислам дека светот е таков каков што е, сите предрасуди што се случуваат е тоа дека Трамп веројатно ќе ја победи Камала отколку што ќе го победи Бајден“, смета Стефани Бауерс од Калифорнија.

Бајден и првата дама Џил Бајден ќе продолжат со својата агенда и наредната недела но, и противкандидатот Трамп кој треба да има конвенција на Републиканската партија и официјално да биде номиниран од страна на републиканците.