Бајден нуди 450 милиони долари за проекти за чиста енергија во рудниците за јаглен

Бајден постави цел емисијата на штетни гасови во САД да се намали за половина до 2030, а целосно да престане  испуштањето на  штетни гасови до 2050 година. 

ВАШИНГТОН (АП) – Администрацијата на претседателот Џо Бајден одвојува 450 милиони долари за соларни системи и други проекти за чиста енергија низ целата држава, кои би се инсталирале на местото на сегашните или поранешните рудници за јаглен, како дел од неговите напори во борбата против климатските промени.

Пет проекти ќе бидат финансирани на национално ниво преку законот за инфраструктура од 2021 година, а најмалку два проекта се издвоени за соларни системи, соопшти денеска Белата куќа.

Белата Куќа исто така соопшти дека на оние кои ќе инвестираат во проекти од зелена енергија да ги искористат предностите од милијарди долари во нови бонуси што се нудат како додаток на даночните кредити за инвестиции и производство, достапни преку Законот за намалување на инфлацијата од 2022 година. Бонусите ќе „поттикнат повеќе инвестиции во чиста енергија во енергетските заедници, особено со јаглен, кои се повредени од децениското производство на јаглен во САД, соопшти Белата Куќа.

Овие активности се дел од чекорите што ги презема администрацијата на демократскиот претседател за поттикнување на употребата на обновливи извори на енергија во економијата, како што се ветрот и сончевата енергија, наместо јагленот и другите фосилни горива кои се штетни за земјата.

Бајден постави цел емисијата на штетни гасови во САД да се намали за половина до 2030, а целосно да престане испуштањето на штетни гасови до 2050 година.