Бајден гласаше на претседателските избори

Претседателот Џо Бајден посегнува да и подаде рака на вработената на пунктот за гласање при излегувањето од гласачката кабина откако го оствари своето право на предвремено гласање на општите избори во 2024 година, во Њу Касл, Делавер, октомври. 28, 2024 година.

Претседателот на САД Џо Бајден чекал ред околу 40 минути за да гласа на изборите

Претседателот на САД Џо Бајден денеска го оствари своето право на предвремено гласање на општите избори 2024 година во Одделот за избори во сојузната држава Делавер, недалеку од неговиот дом надвор од Вилмингтон, Делавер на место за предвремено гласање, каде гласачите беа наредени по улицата за да гласаат.

Бајден разговараше со гласачите додека чекаше на ред да го даде својот глас и помогна да турне постара жена во инвалидска количка која беше пред него. Претседателот пред да гласа, чекаше ред околу 40 минути.

Претседателот Џо Бајден и помага на жена во инвалидска количка додека чека ред со останатите на избирачко место пред да го даде оствари своето предвремено право на глас на општите избори во 2024 година, Њу Касл, Делавер, 28 октомври 2024 година.

Тој ја предаде својата идентификација на лице задолжено за изборите, кој му даде да потпише формулар и рече: „Џозеф Бајден гласа сега“.

Додека претседателот гласаше, беа објавени имињата на луѓето кои за првпат гласаат на овие претседателски избори, па се слушнаа овации токму поради нив.

На сите, освен на неколку избори од 1970 година, Бајден или извршуваше функција или беше кандидат за време на избори. Бајден во јули ја заврши кампањата за реизбор поради зголемената загриженост за неговото здравје и загриженоста на демократите за неговите шанси да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп. Годинава, неговите надежи се во поновата генерација на демократи, вклучително и тројца на гласачкото ливче во Делавер, кои сакаат да направат историја.

Потпретседателката Камала Харис, која Бајден ја поддржа откако се откажа од изборите, се бори да стане првата црнка и првата личност со јужноазиско потекло што би ја извршува функцијата претседател.

Државната сенаторка Сара Мекбрајд цели да стане првата трансродова членка на Претставничкиот дом на САД.

Мекбрајд, долгогодишен пријател на семејството Бајден, служеше како помошник во администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама и во кампањите во 2006 и 2010 година за кандидирањата на покојниот син на претседателот Бо Бајден за јавен обвинител во Делавер. Работела и за поранешниот гувернер на Делавер Џек Маркел.

Мекбрајд се надева дека ќе ја наследи демократската пратеничка Лиза Блант Рочестер, која сака да стане првата црнка во Делавер која ќе служи во Сенатот на САД. Таа служеше како единствен претставник на Делавер во Претставничкиот дом на САД од 2017 година.

Бајден денеска појадуваше со Блант Рочестер. Тој го познава нејзиното семејство со децении и водеше кампања со нејзиниот татко, Теодор „Тед“ Блант, кој служеше во Градскиот совет на Вилмингтон речиси четвртина век, вклучително и како претседател. Бајден вчеравечер формално ја поддржа Блант Рочестер.

Блант Рочестер цели да го наследи сенаторот Том Карпер, кој го држи местото од 2001 година, а заминува во пензија.

Предвременото гласање во американската сојузна држава Делавер почна во саботата.