Шеснаесетгодишно јапонско момче наскоро ќе ја добие неговата фудбалска топка што е најдена на остров на Аљаска откако Пацификот ја исфрлил на другата страна по минатогодишните цунами.
Мисаки Мураками го изгубил домот и се` во него кога масивни бранови го разурнале неговиот град Рикузентаката на јапонскиот североисток.
По патување што траело повеќе од година, топката се појавила на плажа на островот Мидлтон, каде ја нашол Дејвид Бакстер. Топката била идентификувана преку потписите од училишните другарчиња на Мисаки.
Сопругата на Бакстер, која е од Јапонија, зборувала со Мисаки по телефон и брачниот пар планира наскоро да ја испрати топката на момчето.
Американската Администрација за океани и атмосфера вели дека топката е една од првите предмети кои може да бидат поврзани со Јапонија по цунамите од 11 март, 2011-та.