Автомобилите со 3D печатење ќе имаат подобар дизајн

Your browser doesn’t support HTML5

Вештачката интелигенција и 3Д печатењето би можеле да го револуционизираат дизајнот и производството на автомобили. Џени Дулот од Гласот на Америка не носи во гаража во Лос Анџелес.

Производството на автомобили не се променило многу во последните 100 години, бидејќи е прилично неефикасно, вели пронаоѓачот и дизајнер на автомобили Кевин Зингер.

Зингер и неговиот син Лукас работат на промена која вклучува користење на вештачка интелигенција за инженерство на делови произведени на 3-Д печатач кои се полесно приспособливи отколку во традиционалното производство.

Тие велат дека тоа е пристап кој ги намалува индустриските емисии на јаглерод и го олеснува дизајнот на автомобилите дозволувајќи им на локалните производители да создаваат приспособени делови.