Светот низ фотографии

Извидниците го напуштаат кампот на Светскиот извиднички Џамбори во Буан, провинцијата Северна Џеола, Јужна Кореја поради тајфунот.

Погребна кола го носи ковчегот на починатата ирска пејачка Шинејд О'Конор во Бреј, Ирска.

Двајца мажи туркаат мотоцикл низ надојдените води откако обилните монсунски дождови го поплавија пазарот за зеленчук во Катманду, Непал.

Ранета локална жителка во нејзиниот уништен стан за време на руски ракетен напад во Покровск, регионот Доњецк, Украина.

Протест на такси превозниците против сообраќајните власти во Кејп Таун, Јужна Африка.

Демонстрантите трчаат покрај запалените гуми за време на протестот во Порт-о-Пренс, Хаити, 7 август 2023 година.

Дрвен сплав за време на транспортот по реката Ангара во близина на населбата Стрелка во регионот Краснојарск, Русија.

Колумбијката Дијана Оспина Гарсија, лево, и Каролина Аријас слават на крајот од осминафиналето на Светскиот куп за жени меѓу Јамајка и Колумбија во Мелбурн, Австралија.

Собир на парни машини организирано од Ирското друштво за заштита на парни машини во Страдбали, Ирска, 7 август 2023 година.

Луѓето се разладуваат во воден парк во Нанџинг, во источната кинеска провинција Џиангсу, 7 август 2027 година.

09 август, 2023 година