Конгресната библиотека освен милионите книги фотографии, весници, мапи поседува голема колекција на аудио визуелно наследство за кое се грижи посебен оддел.
Се натпреваруваме со времето како да ги заштитиме и да ги дигитализираме материјалите, но и да ги направиме достапни за јавноста вели фолклористот Гуха Шанкар:
„Работиме цела година за да го прославиме и заштитиме наследството, но исто така и да го презентираме, не само за Американците, туку и пред целиот свет.“
Според некои статистички податоци, 70 проценти од филмовите кои некогаш биле снимени во САД, се загубени засекогаш, пред се заради уништувањето на оригиналните филмски материјали, вели Шанкар.
Климатските промени, војните и природните катастрофи се друг фактор кој придонесува за нивно неповратно губење.
„Меморијата за културното наследство исчезнува ако нашите аудиовизуелни материјали исчезнуваат или се губат.“
Исто така важно е да ги вратиме записите на заедницата од каде што потекнуваат, како оние снимени со домородните Американци Пасамакводи, во Мејн во 1890-те години, за самите да ги интерпретираат снимките, и да ги користат за ревитализација на јазикот на пример, вели Шанкар.
Во 70-те години на минатиот век, најголемата светска библиотека работела и со имигрантските заедници кои пристигнувале во САД, и направиле повеќе од 250.000 фотографии и голем број аудио и видео снимки.
Во 1977 во Чикаго снимиле и лица кои во САД дошле од Македонија, Тале и Александра Булин од Струмица.
„Ни требаше време да ги презентираме. Но сега кога се достапни, тие можат да кажат, ова е дел од нашето културно наследство што не поврзува со Македонија.“
под кое се одбележува Светскиот ден на аудио визуелното наследство под покровителство на УНЕСКО.