Египетски официјални претставници соопштија дека милитанти нападнале џамија нa полуостровот Синај, убивајќи 155 лица.
Властите велат дека екстремистите целеле на приврзаници на безбедносните сили кои биле во џамијата Ал-Равада во градот Бир ал-Абед, западно од главниот град на провинцијата, Ел-Ариш.
Според нив, напаѓачите отвориле оган врз верниците од четири теренски возила.
Очевидци велат дека амбулантни возила пренесувале жртви од местото на настанот до околните болници.
Милитантите најчесто вршат напади врз безбедносните сили, но се обидоа да ги прошират акциите и надвор од полуостровот, напаѓајќи египетски христијански цркви и аџии.
Египетските безбедносни сили се борат против милитантите на Исламската држава кои во северниот дел на Синај, досега убија стотици полицајци и војници, откако во изминативе три години се интензивираа борбите.