Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека оди на Шангри-Ла дијалогот во Сингапур со порака дека Вашингтон ќе продолжи да ги гради односите со своите азиски сојузници и покрај потенцијалните буџетски ограничување.
Оваа година Кина во Сингапур го испраќа министерот за одбрана Лианг Гуангли, кој е највисок кинески претставник кој присуствувал на годишната безбедносна конференција. Гејтс и Лианг се очекува да имаат билатерална средба во петок.
Зборувајќи со новинарите на пат за конференцијата во четврток, Гејтс рече дека е многу задоволен од прогресот на односите на Вашингтон со Пекинг, но дека гледа место за подобрување меѓу нивните две армии.
Тој вели дека продолжување на дијалогот е важо за тој однос, особено што Пекинг и Вашингтон не се на иста линија за американската продажба на оружје на Тајван.
„Под тие околности, има вредност во продолжување на дијалогот од двете страниза тоа што точно е нашата загриженост, кои се проблемите и како може да ги намалите грижите на двете страни“, кажа Гејтс.
Тој вели дека Вашингтон останува загрижен за кинеското армиско истражување, како на пример за против-бродски проектили и стелт борбени авиони.
Но тој вели дека не верува оти Кина има намера да ги употреби тие проекти да им се оневозможи на САД пристап во регионот:
„Мислам дека Кинезите научија добра лекција од советското искуство и немаат намера да се обидат и да се натпреваруваат со нас во целокупните армиски способности. Но мислам дека имаат намера да изградат капацитети што би им дала значителна слобода на акција во Азија и можност да го прошират своето влијание“.
Тоа влијание повремено ги загрижува кинеските соседи и може да биде тема за дискусија во Сингапур.
Од минатата недела има извештаи за кинески бродови кои ги нарушуваат територијалните води на Филипините и Виетнам, со поставување на маркери на мали гребени и острови или со протерување на нивните бродови.
Владите на Филипините и Виетнам испратија претставници на Дијалогот во Шангри-Ла.