ЕУ: Постигнат договор за помош за грчката економија

ЕУ: Постигнат договор за помош за грчката економија

Германската канцеларка Ангела Меркел го пофали договорот, велејќи дека тој е неопходен „за заштита на стабилноста на еврото“.

Лидерите на ЕУ го отпочнаа вториот и последен ден од преговори за време на самитот во Брисел.

Средбата во петокот уследи еден ден откако лидерите на еврозоната постигнаа согласност по планот на Франција и Германија за обезбедување помош за грчката економија.

Германската канцеларка Ангела Меркел го пофали договорот, велејќи дека тој е неопходен „за заштита на стабилноста на еврото“. Таа додаде и дека договорот ја претставува способноста на Европа да биде солидарна со земја која има проблеми.

Вредноста на еврото во петокот забележа незначителен раст. Во средата беше на најниско ниво во изминативе 10 месеци споредено со доларот.

Договорот постигнат во четвртокот вклучува комбинација на заеми од членките на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

Планот би се имплементирал само доколку не успеат напорите на Грција за елиминирање на огромниот долг и буџетски дефицит.