Поддршка од официјален Вашингтон за евроатлантската интеграција.
Резимирајќи ја содржината на синоќешната средба во Стејт департментот со помошник-државниот секретар Филип Гордон, вицепремиерката Теута Арифи за Гласот на Америка кажа дека ја брифирала американската страна за дијалогот на високо ниво со ЕУ.
„Моите соговорници се согласија со заклучоците дека овој процес е многу значаен и дека САД како и секогаш максимално го поддржуваат процесот на интеграциите и на евроинтеграциите на Република Македонија“, рече Арифи.
Вицепремиерката не одговори директно на прашањето дали Вашингтон ќе лобира за влезот на Македонија во Унијата, но затоа коментираше: „Имајќи го предвид секогаш прогресивното однесување на САД, секако дека можеме да сметаме на коректна соработка“.
Што мисли Вашингтон за актуелните потреси во владината коалиција? Арифи подвлекува дека САД апсолутно не се мешаат во внатрешните процеси, но „секако дека работата за која тие се битно заинтересирани е да има стабилни институции, да има комплетно почитување на Охридскиот рамковен договор“.
Според Стејт департментот, пак, помошник-државниот секретар Гордон на средбата ја изразил долготрајната поддршка за Македонија во однос на аспирациите кон НАТО и ЕУ, конкретно за пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. Претставникот на Стејт департментот ја повикал Македонија да работи на неопходните реформи за забрзување на тој процес и ја повторил поддршката за што побрзо решавање на спорот околу името со Грција, што би го поплочило патот за прием на Македонија во НАТО. Гордон истовремено се заблагодарил за натамошниот армиски ангажман на Македонија во мисијата во Авганистан, поддршката во ОН и други тела, како и за сочувството за четворицата американски дипломати кои беа убиени во Либија на 11-ти септември.