Се очекува илјадници лица да и искажат последна почит на американската пејачка, Арета Френклин чие тело ќе биде изложено во Детроит, Мичиген.
Дводневниот настан ќе се одржи во музејот на Африканско - американската историја, Чарлс Х. Рајт.
„Кралица на соулот“ почина на 16-ти август од рак на панкреасот, на возраст од 76 години.
Френклин исто така беше активистка во движењето за граѓански права.
Погребот ќе се одржи в петокот во Детроит.