Светот низ фотографии

Војниците на бразилските вооружени сили учествуваат во парада за време на прославите на Денот на армијата во Бразилија.

Интелигентно возило за време на саемот за автомобили во Шангај, Кина.

Адвокатите кои ги застапуваат Доминион вотинг системс ја напуштаат судската зграда на округот Њу Касл во Вилмингтон, Делавер откако тужбата за клевета од страна на Доминион вотинг системс против Фокс Њуз беше решена токму кога судењето на поротата требаше да започне, на 18 април 2023 година.

Железничка станица Чатрапати Шиваџи Терминус - Мумбаи, Индија.

Изложба на коњи по повод 450-годишнината од културната институција Real Maestranza de Caballeria во Ронда, јужна Шпанија.

Урнат паркинг во Њујорк.

Ирачките Јазиди го посетуваат храмот Лалиш, на денот на церемонијата по повод Црвената среда, прославата на Јазидската Нова Година, во областа Шехан Ирак.

Сообраќаен метеж на автопат во Индонезија.

20 април, 2023 година