Акциите на Apple Inc. паднаа за седум птоценти во часовите по веста за оставката на ко-основачот и главниот директор Стив Џобс.
Аналитичарот на Хонг Конг Марк Њуман вели дека очекува малку промени:
„Мислам дека на краткорочен план нема да има голема промена. Има потенцијал за негативно расположение, тука е факторот на страв, зашто Стив Џобс донесе голема промена во Епл во последно време. Сепак, мислам дека веднаш нема да има голема промена. Епл има долг производствен циклус и сите производи на следната генерација веќе се дизајнирани.''
Во среда, Џобс на бордот на директори на Епл и на Епл заедницата, им кажа дека веќе не може да одговори на „должностите и на очекувањата“ на местото што го држи.
Џобс се бори со рак на панкреасот од 2003 и доби трансплатација на црн дроб во 2009. На боледување бил од јануари.
Епл сега е највредната технолошка компанија во светот. Среќата се сврте кон Епл кога компанијата го сврте фокусот од производство на персонални компјутери на компанија што произведува трендовски Ајфон и Ајпед таблет за аудио-визуелни медиуми.