Разбиени демонстрациите во Манила

Полиција се судри со насобраните граѓани додека лидерите на АПЕК привршуваа со средбите, со фокус на економските проблеми и глобалните напори за борба против тероризмот

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите за време на Самитот на АПЕК што се одржува во Манила.

Полиција се судри со насобраните граѓани додека Азиско-пацифичките лидери привршуваа со средбите, чиишто фокус беа економските проблеми и глобалните напори за борба против тероризмот. Проблемот околу територијалните претензии на Кина со нејзините соседи, беше исто така дел од агендата.

Претседателот Барак Обама изјави дека Вашингтон ќе работи на поголема поддршка за поморската безбедност на Филипините.

„Имав можност да најавам дека ќе ја зголемиме безбедноста на морнарицата во Филипините на забележително ниво вклучувајќи и два нови брода. Разговаравме за влијанието на кинеските претензии кон земјиштето и градежните активности врз стабилноста во регионот. Се согласуваме дека има потреба од брзи чекори за да се намали тензијата, вклучувајќи ветување за забрана од понатамошни претензии нови градби и поставување на војска во спорните области во Јужното Кинеско Море“, кажа американскиот претседател.

Белата куќа најави нов пакет-помош од 259 милиони долари што за Филипините, Виетнам, Индонезија и Малезија би се обезбедиле во рок од две години.