Во најновото истражување на јавното мислење во понеделникот СиЕнЕн информираше дека гласачите кои биле анкетирани минатата недела не го одобруваат начинот на кој Доналд Трамп ја извршува функцијата во сооднос од 57% наспроти 38%.
Во однос на рејтингот Трамп има 41% додека Бајден има 55%, на пет месеци пред одржувањето на претседателските избори закажани за 3-ти ноември.
Трамп се потсмеа со анкетата на СиЕнЕн преку Твитер велејќи дека таа е „лажна како и нивното известување“. Претседателот рече дека „истите бројки, ако не и полоши биле соопштувани и во однос на Хилари’“, мислејќи на Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка која тој ја порази на изборите во 2016-та.
СиЕнЕн информираше дека рејтингот на Доналд Трамп паднал за седум процентни поени изминатиов месец и дека е најлош од јануари 2019-та. Според СиЕнЕн овој рејтинг е сличен со оној на два поранешни претседатели, Џими Картер во 1980-та и Џорџ Буш Постариот во 1992-та, обајцата ги изгубија изборите во обид да добијат втор мандат.