Како што борбите во Украина влегоа во третата година, некои западни сојузници размислуваат за можноста подлабоко да се вклучат во нејзиниот конфликт со Русија.
На крајот на февруари, францускиот претседател Емануел Макрон одби да ја исклучи можноста за распоредување на војници на НАТО во Украина.
Поранешниот американски одбранбен разузнавач Мет Шумејкер вели дека тоа е обид на Макрон да го возврати Путин.
Your browser doesn’t support HTML5
„Тој секако сакаше да им ја испрати пораката на Русите дека НАТО всушност може да се вклучи. Но, за жал, бидејќи претседателот Макрон не им даде индикација на своите колеги членки на НАТО дека ќе го каже ова, тоа секако ги стави и нив во ситуација да се бранат“, вели Шумејкер.
Земјите-членки на НАТО имаат советници во специјалните сили на теренот во Украина. Но, мислам дека постои огромна црвена линија што ги дели советниците на теренот од трупитеШон Стајнберг, Аналитичар
Но, друг аналитичар, Шон Стајнберг, вели дека некои војници на НАТО се веќе на терен.
„Точно е, се чини, дека има советници на НАТО, или барем земјите-членки на НАТО имаат советници во специјалните сили на теренот во Украина. Но, мислам дека постои огромна црвена линија што ги дели советниците на теренот од трупите на САД и НАТО кои се борат директно против руските трупи“, вели Стајнберг.
Пензионираниот вицеадмирал Роберт Мурет, заменик-директор на Институтот за безбедносна политика и право на Универзитетот Сиракјус, вели дека американските трупи може да се најдат ширум светот, но тоа не значи дека тие се борат.
„Секоја амбасада што ја имаат САД низ светот има одред за обезбедување на маринци, така што ние имаме маринци таму за наша заштита. Значи, во мал број, да, има активен воен персонал во Украина“, вели адмиралот Мурет.
Руслан Бортник, директорот на Украинскиот институт за политика, вели дека распоредувањето на НАТО е неизбежно.
„Русија е многу поголема од Украина – така што или ќе има закана за Украина да ја изгуби војната, или ќе треба да се испратат странски војници во земјата“, посочува Бортник.
Бортник смета дека како ентитет, најверојатно НАТО нема да испрати војници да се борат во Украина. Но, тој вели дека поединечни земји-членки, како Франција, Полска, Холандија, Шведска, Норвешка, Данска или некоја од балтичките земји, би можеле да изберат да го сторат тоа.